Резиме на проектот

Резиме на проектот

Annex A.2

РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ

Наслов на проектот

Зајакнување на капацитетите во текстилната индустрија во прекуграничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности

Водечки партнер

Трговска Текстилна Асоцијација- Текстилен Кластер

Партнери

Браншова асоцијација на компании за текстил и облека

Приоритетна цел

Оска 1: Економски Развој и Социјална Кохезија

Област на интервенција

1.1 Економски развој

Времетраење на проектот(во месеци)

18

Вкупен буџет (во  €)

87369.32 euro

Цели на проектот

Општа цел:

Подобрување на имиџот и поддршка на конкурентноста на секторот за текстилна индустрија со цел да се зголемат неговите економски потенцијали преку мерки на градење на капацитетите, споделување на најдобрите заеднички практични решенија/практики, имплементација на промотивни активности и институционално јакнење на чинителите од текстилната индустрија во прекуграничниот регион. 

Специфични цели:

1. Проценка на постоечките капацитети на чинителите од текстилната индустрија во прекуграничниот регион со цел да се развојат мерки кои ќе обезбедат реални решанија за надминување на пречките во секторот;

2. Зајакнување на конкурентноста на индустриските и менаџмент капацитетите на чинителите на индустријата преку воспоставување на прилагодена програма за градење на капацитетите

3. Заканување на конкурентноста преку заедничка презентација на локалните производи / брендови од текстилната индустрија и промоција на секторот и прекуграничната област како единствен регион.

4. Промоција на текстилниот сектор како генератор за креирање на економска стабилност во прекуграничниот регион.

Проектни активности

Во овој проектен предлог ќе се имплементираат осум (8) проектни активности:

1.      Воспоставување на систем за проектен менаџмент

2.      Имплементација на стратегија за комуникација и проектна промоција

3.      Проценка и анализа на постоечката ситуација и развој на текстилната индустријаво прекуграничниот регион

4.      Развој и имплементација на Програма за градење на капацитетите – Модул 1

5.      Развој и имплементација на Програма за градење на капацитетите – Модул 2

6.      Размена на искуства и трансфер на know-how со поврзување на регионалните чинители и релевантните владини тела преку организација на форуми

7.      Развој и промоција на Стратешки документ – Стратегија за промоција на индустријата во прекуграничната област

8.      Заедничка промоција на индустрискиот сектор за текстил и облека во прекуграничниот регион

Резултати од проектот

Резултатите од проектот се следниве:

  1. Проценка на постоечките потреби, проблеми и тесни грла како и капацитетите на индустријата во пограничниот регион и предложени решенија за надминување на идентификуваните предизвици
  2. Подобрени капацитети на средниот менаџмент преку имплементација на две програми за градење на капацитетите за подобрување на конкурентноста на текстилниот сектор
  3. Подобрени промотивни капацитети на чинителите од текстилната индустрија како здружен економски сектор во рамки на прекуграничниот регион
  4. Размена на искуства и know-how меѓу стејкхолдерите од текстилната индустрија
  5. Воспоставена комуникација меѓу проектните партнери и членовите на двете асоцијации, како и со останатите компании од секторот во прекуграничниот регион

Целни групи

  1. Компании за текстил и облека на двете страни на границата
  2. Средното ниво на менаџмент во компаниите за текстил и облека во прекуграничниот регион
  3. Релевантните власти  (локална власт, централна власт, стопански комори)
  4. Граѓаните од прекуграничната област