IMG_20151209_121749    IMG_20151209_132125

Текстилното Трговско Здружение - Текстилен Кластер на Македонија ја идентификува потребата кај текстилните компании за организирање на инфо настан на тема “Принципи на етичко работење и нивна стандардизација” како резултат на зголеменото барање на европските партнери за сертифицирање на производните капацитети. Со цел поблиско запознавање со социјалните барања, заштитата и сигурноста на вработените како и делот на етичките стандарди Текстилниот кластер со поддршка на Министерството за економија во склоп на програмата за кластерска поддршка одржа работилница на оваа тема. Работилницата ги опфати следните теми: Принципи на етичко работење; Што претставува SEDEX, важност и процес на ревизија согласно барањата на стандардот; Што претставува BSCI, важност и процес на ревизија согласно барањата на стандардот; а беа пренесени и искуства од страна на компаниите кои веќе го имаат поминато процесот на сертифицирање.

Читај повеќе..

Useful relationships