12274194_1444505772229764_8834237016939263647_n         IMG_20151128_132743

Во одлична атмосфера и со над 120 гости, на 28 ноември 2015 година, во саботата вечерта во галеријата Безистен во Штип се одржа Модна ревија, на која посетителите можеа да уживаат во стотина модни парчиња облека од колекциите на компаниите: АСТИБО ФЕШН ГРУП, АМОР-КОМПАНИ, КУЛИ и ЛАРС од Македонија и ВИТАЛ, ПИРОС, НОВ СВЕТ, МАРТЕКС И СИЛВЕР ДЕЈ од Бугарија.

Модниот настан беше организиран од страна на Текстилниот кластер како завршна активност на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“, што се реализира во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Ќустендил, Бугарија.

Настанот кој според добиените позитивни критики, долго ќе се памети, Текстилниот кластер го реализираше во соработка со професионалните Fashion Weekend Skopje и со логистичка поддршка од Општина Штип. За фризурата и шминката на моделите се погрижи салонот за убавина Силуете, Штип а за зголемување на расположението на гостите се погрижи винаријата Тиквеш.

На ревиите, во текот на денот, им претходеше и Форум во Штип, на кој

Читај повеќе..

Useful relationships