Александра Ѓеорѓиева 28/11/2015

Недоволната конкурентност со странските фирми е една од причините за ситуацијата во која се наоѓа македонската текстилна гранка. Текстилниот кластер бара инвестирање во модернизација и подобра пристапност кон користењето средства. Имено, најголемиот проблем со кој се соочува текстилството во државата е работната рака, која од година во година се` повеќе се намалува и е од повозрасната структура на населението.

– Во секој бизнис има 3 параметри, а тоа се знаење, технологија и плата. Првите два треба да ги обезбеди државата бидејќи таа врши едукација, а третиот параметар за успешен бизнис го одредуваат работодавачите- истакна Венцислав Филипов, сопственик на конфекција.

– Ние одмна работиме со колегите од Македонија, конкретно со текстилниот кластер во Штип. Знаеме дека проблемите на фирмите од Бугарија и Македонија се еднакви. Најголемиот проблем е поврзан нормално со работната рака. Идејата е државите, како Бугарија така и Македонија да обрнат внимание на секторорт, бидејќи како кај нас така и кај вас тој сектор за жал не е приоритет на државите. Сепак, сакаме да покажеме на луѓето до Македонија дека бугарските и македонските фирми можат да работат заедно – изјави Јордан Беловодски, извршен директор на организација за текстилство, Република Бугарија.

Целта на оваа активност е да се подигне имиџот на текстилната индустрија преку заедничко претставување на колекции на текстилни компании од Македонија и Бугарија. Проектот придонесува да се оценат сегашните капацитети на индустријата за текстил и облека во пограничниот регион, како и да се развијат мерки кои ќе обезбедат реални решенија за надминување на проблемите на секторот.

Со цел градење регионален бренд, денес во Штип се одржа текстилен форум со пет македонски компании и исто толку бугарски текстилни компании.

See more: http://kanalplus.mk/текстилни-компании-од-македонија-и-од/

 

Useful relationships