Македонските и бугарски текстилци на иста мака. Работниците ќе им ги затворат фабриките
Напишано од  ТВ Стар Објавено во Штип Сабота, 28 Ноември 2015 16:59

Македонските и бугарски текстилци на иста мака. Недостигот на работници ќе им ги затвори фабриките:
„Млади луѓе не доаѓаат да работат во оваа индустрија, работното население ни старее“, рече Венцислав Филипов, член на Текстилен кластер на РМ.
Ваквата состојба во текстилството во двете држави, меѓу другото бил резултат и на односот на државата кон текстилната индустрија:
„И кај нас и кај вас, текстилниот сектор не е приоритет на државата. Ние се трудиме да се наметнеме, со што ќе обезбедиме корист за текстилните фирми“, кажа Јордан Беловодски, прет. на Ттекстилен кластер на РБ.
Производтсвото во една гранка, главно зависи од три фактори: знаење, технологија и плати. Првите две зависат од државата, третото од газдата:
„Мислам дека кога ќе се исполнат првиот и вторниот услов, ние ќе имаме поголемо производство и поголеми плати“, смета Филипов.
Дополнително, двата кластера очекуваат државата да ја тргне црната дамка од нивната индустрија:
„Најмалку што може да направи државата е да им каже на младите дека има иднина во текстилството и дека и во оваа бранша можат професионално да се надградат“, смета Беловодски.
Во македонската текстилна индустрија работат 42.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата, кои лани реализирале 16,6 отсто од вкупниот македонски извоз.
Во бугарската текстилна и индустрија за облека работат 113.000 луѓе или 20 отсто од вкупно вработените во индустријата, кои реализирале 12,6 отсто од вкупниот бугарски извоз.
- See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/item/6501-makedonskite-i-bugarski-tekstilci-na-ista-maka-rabotnicite-kje-im-gi-zatvorat-fabrikite#sthash.55bdKezG.dpuf

Useful relationships