Fashion Weekend Skopje: Revii Na Makedonskiot & Bugarskiot Tekstilen Klaster 2017
Вижте клипа:
Fashion Weekend Skopje: Revii Na Makedonskiot & Bugarskiot Tekstilen Klaster 2017
Вижте клипа:
Fashion Weekend Skopje: Revii Na Makedonskiot & Bugarskiot Tekstilen Klaster 2017
ТТЗ - Текстилен кластер како водечки партнер во пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој се реализира по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија одржа еднодневна обука за "Комуникациона стратегија" изработена во склоп на проектот.
Обуката се одржа на 06 октомври 2017 година во Штип. Презентација на Комуникационата стратегија направи експертот Борислава Стоименова од компанијата од Бугарија кои работеше на нејзината изработка. Експертот ја разви оваа стратегија земајќи ги во предвид веќе изготвените стратегија за позиционирање и визија за регионот, како и потребите на целните групи. На настанот присуствуваа 30 учесници преставници на членките на Текстилниот кластер од Македонија од средното и највисокото раководство, како и проектниот тим одговорен за проектот.
На присутните учесници им беше презентиранo дека Комуникационата стратегија претставува алатка за здруженијата и за текстилните компании која ќе им помогне полесно да комуницираат и да добијат признание и придобивки од страна на локалните власти и бизнис секторот, како и од потенцијалните чинители во синџирот на набавка, со цеч да се подобри имиџот на регионот и компаниите да се позиционираат по дефинираната визија за регионот. Им беше посочено дека Комуникационата стратегија претставува план кој ќе им покаже на компаниите кои елементи се потребни и како тие треба да бидат комуницирани и презентирани со цел да го позиционираат регионот како што е дефинирано во развиената Визија за регионот и за исполнување на дефинираните цели во неа.
Запознайте се със стратегията:
На 08.07.2017 г. в конферентната зала на парк-хотел „Кюстендил” гр. Кюстендил се проведе работна среща-дискусия за обсъждане на позиционна стратегия на бранш Текстил и облекло в трансграничен регион България-Македония.
Организатор на срещата бе Сдружение БОТО в качеството му на партньор по проект 'Изграждане на международна конкурентоспособност на текстилните фирми в трансграничния регион България-Македония“. Проектът е съфинансиран от Европейския съюз чрез Програма Интеррег-ИПА за трансгранично сътрудничество България-Македония.
Участие в срещата взеха 20 представители на български фирми, работещи в сектор Текстил и облекло - членове на Сдружението.
В рамките на събитието бяха предложени на вниманието на присъстващите резултатите от GAP анализ на основата на самооценка за текущото състояние, оценка на риска и на желаното състояние на фирми от сектор „Текстил и облекло“ в региона като основа на разработената стратегия. Целта на стратегията за позициониране на региона е да се идентифицира как заинтересованите страни искат да бъде приеман региона и как да бъде разпознаван сред местното население, бизнес сектора, както и сред националните и международни партньори.
Втора средба "Креирање Визија за регионот" во склоп на на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘, (08/09 април 2017, Ќустендил)
Во рамките на пограничниот проект ‘‘Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, на 08 и 09 април 2017 година во Ќустендил, беше одржана втората работилница и работна сесија на која учествуваа текстилни компании-членки на здружението „Браншова организация за текстил и облекло” - Бугарија и текстилните компании - членки на "ТТЗ-Текстилен кластер - Македонија.
Работилницата на тема "Креирање Визија за регионот" се одржа како продолжение на првата работилница која беше одржана во Штип на 11 и 12 март 2017. Предавачи на обуката повторно беа експертите од компанијата УМФ Тренинг. На оваа работилница предавачите продолжија да работат на креирање на Регионалната визија за регионот, преку идентификување на мислењата на претставниците на учесниците - текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион, разговарање за проблемите со кои се соочуваат, како го замислуваат и како пограничниот регион сакаат да биде виден и препознаен од страна на локалната популација, бизнис секторот и националните и интернационалните партнери, и сл.
Експертите заедно со учесниците ги издефинираа "Regional points of difference", точки кои укажуваат на спецификите на регионот со кој тој се разликува од останатите и кои ќе дадат насоки како истиот да се презентира на пазарите.
На членовите и на оваа работилница беше презентиран и формираниот Одбор за регионален развој (RDB), составен од претставници од двете здруженија и претставници на текстилните компании од македонска и бугарска страна.
This project section has been produced with the assistance of the European Union through the Interreg-IPA CBC Bulgaria-the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme, CCI No 2014TC16I5CB006. The contents of this section are the sole responsibility of Textile and Clothes Branch Organization and can in no way be taken to reflect the views of the European Union or the Managing Authority of the Programme.
Финансиране на проекта: "Проектът е съфинансиран от Европейския съюз чрез Програма Интеррег-ИПА за трансгранично сътрудничество България-Македония..”
Финансирање на проектот: "Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.”
Project financing: "The project is co-funded by EU through the Interreg-IPA CBC Bulgaria–the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme.”