Поседувањето на ознаката TRUSTED BALKAN ARPAREL е гаранција дека компанијата се придржува кодекс на однесување TRUSTED BALKAN ARPAREL
- Вработувањето во компанијата е по слободен избор, вработените можат доброволно да го прифатат вработувањето или да одбијат или да ја напуштат работата со претходна најава според законскиот рок.
- Вработените имаат право на колективно здружување и да формираат синдикат. Менаџментот на компанијата има отворен став кон колективното здружување и секогаш е отворен за соработка.
- Условите за работа се безбедни и хигиенски.
- Нема злоупотреба на детскиот труд во компанијата.
- Компанијата навреме им плаќа плати и други додатоци на вработените. Вработените добиваат јасен преглед на платените средства, како и за придонесите што се плаќаат во нивно име. Висината на платите и надоместоците е во согласност со законските препораки.
- Работното време е во согласност со националното законодавство, а прекувремената работа е доброволна.
- Нема дискриминација при вработување, прекинување или пензија заради национална припадност, религија, возраст, инвалидитет, пол, брачен статус, сексуална ориентација, членство во синдикат или политичка припадност.
- Забрането е сурово и нехумано постапување со вработените, како што се физичко злоставување, закани, вербална злоупотреба, заплашување и др.
- Ние гарантираме дека нашите добавувачи, партнери и подизведувачи ги почитуваат националните регулативи и се придржуваат до етички принципи колку што е можно повеќе.


Важно: Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Организација на здружение за текстил и облека и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
Финансирање на проектот::