На 04.02.2020 година во склоп на проектот Interreg IPA-CBC Бугарија-Макеоднија ‚‚Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region‚‚ Текстилниот кластер заедно со дизајнерката Ирина Тошева ја посетија фабриката БТБ во Виница заедно со учениците од Основните училишта "Гоце Делчев " и "Славчо Стојменски" и учениците од средното текстилно училиште "Ванчо Прќе " .
При посетата на фабриката "БТБ" учениците можеа да го видат целиот процес на производтсво на облека, а воедно им беше одржана кратка инспиративна работилница која ѓи потикна да размислуваат за оптимизацијата на паметните фабрики и за процесот на производство. Учениците изјавија дека ова ќе биде добро понатамошно искуство за нив бидејќи имаа можност да го видат целиот начин на производтсво и на изработка на еден производ.
Потоа активноста продолжи во средното текстилно училиште "Ванчо Прќе " каде што дизајнерката Ирина Тошева одржа кратка презентација за целите и задачите на проектот и им презентираше слики од модели и насока за изработка на колекција а потоа следеше и делот во кој учениците можеа да постават прашања и во кој што можеа да ги кажат своите размислувања во врска со темата на која што беше зборувано.
Учениците прпјавија голем интерес а воедно ни ги покажаа и своите досегашни креации кои што ги изработувале за приредби, манифестации, "Trash Fashion " и слично.
Дизајнерката Ирина Тошева им посочи на учениците начини за изработка на моедели кои што во месец Мај ќе бидат презентитрани на Модна Ревија во Штип . Им беше објаснето дека модната ревија ќе биде организирана на високо ниво со професионални манеќени и фотографи. Учениците направија група на Фејсбук во која што ќе можат да комуницираат со дизајнерката и во која што ќе можат да ги даваат своите идеи.
Договорена е уште една средба за отприлика еден месец за да се види сработеното на учениците. При изработката учениците ќе користат материјали кои ќе бидат донирани од страна на текстилни компании.