Резиме на проектот
Annex A.2
РЕЗИМЕ НА ПРОЕКТОТ
Наслов на проектот |
Зајакнување на капацитетите во текстилната индустрија во прекуграничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности |
Водечки партнер |
Трговска Текстилна Асоцијација- Текстилен Кластер |
Партнери |
Браншова асоцијација на компании за текстил и облека |
Приоритетна цел |
Оска 1: Економски Развој и Социјална Кохезија |
Област на интервенција |
1.1 Економски развој |
Времетраење на проектот(во месеци) |
18 |
Вкупен буџет (во €) |
87369.32 euro |
Цели на проектот |
Општа цел: Подобрување на имиџот и поддршка на конкурентноста на секторот за текстилна индустрија со цел да се зголемат неговите економски потенцијали преку мерки на градење на капацитетите, споделување на најдобрите заеднички практични решенија/практики, имплементација на промотивни активности и институционално јакнење на чинителите од текстилната индустрија во прекуграничниот регион. Специфични цели: 1. Проценка на постоечките капацитети на чинителите од текстилната индустрија во прекуграничниот регион со цел да се развојат мерки кои ќе обезбедат реални решанија за надминување на пречките во секторот; 2. Зајакнување на конкурентноста на индустриските и менаџмент капацитетите на чинителите на индустријата преку воспоставување на прилагодена програма за градење на капацитетите 3. Заканување на конкурентноста преку заедничка презентација на локалните производи / брендови од текстилната индустрија и промоција на секторот и прекуграничната област како единствен регион. 4. Промоција на текстилниот сектор како генератор за креирање на економска стабилност во прекуграничниот регион. |
Проектни активности |
Во овој проектен предлог ќе се имплементираат осум (8) проектни активности: 1. Воспоставување на систем за проектен менаџмент 2. Имплементација на стратегија за комуникација и проектна промоција 3. Проценка и анализа на постоечката ситуација и развој на текстилната индустријаво прекуграничниот регион 4. Развој и имплементација на Програма за градење на капацитетите – Модул 1 5. Развој и имплементација на Програма за градење на капацитетите – Модул 2 6. Размена на искуства и трансфер на know-how со поврзување на регионалните чинители и релевантните владини тела преку организација на форуми 7. Развој и промоција на Стратешки документ – Стратегија за промоција на индустријата во прекуграничната област 8. Заедничка промоција на индустрискиот сектор за текстил и облека во прекуграничниот регион |
Резултати од проектот |
Резултатите од проектот се следниве:
|
Целни групи |
|