Контакти: понеделник - петок од 9 до 17 часот

Новости

stylist.mk - Модна ревија во Штип: Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

 

Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер оваа сабота во Домот на млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен „Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација“ во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија „Модерната текстилна индустрија како привлечна кариера за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 – ноември 2020“.

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците сеуште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.

Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.

-Преку стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, успеавме да развиеме модели кои покажаа дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“ (Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево) и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип).

„Миле Јаневски Џингар” (Македонска Каменица)

Иницијативата започна во декември 2019, а заврши со модна ревија која се случи оваа сабoта во Штип. За време на настанот гостите можеа да ја погледнат и изложбата на модни скици изработени од учениците, инспирирани од „Современата текстилна индустрија“.

За квалитетна реализација на настанот активно учество и поддршка дадоа и Домот на млади во Штип, музичкиот дует „Марија и Горан“ кој ја воодушеви публиката со својот перформанс во живо, како и долгогодишниот поддржувач на текстилниот кластер винаријата „Тиквеш“.

За шминката на манекенките се погрижи „Farmasi“ во соработка со Школа за убавина Арт, а за фризурите одговорен беше „Студио Кат Кат од Штип“.

„Ацо Русковски“ (Берово)

Фотографија – Баже Ангеловски

2 ttf

Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип)

1 vanco prke

Ванчо Прке“ (Виница)

dimitar mirasciev

„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

4 mile janevsi dzinger

Миле Јаневски Џингар” (Македонска Каменица)

nezavisen.mk - Денови на текстилната индустрија во Штип – промоција на младата генерација

Креативната работа на пет средни текстилни училишта и  Универзитетот “Гоце Делчев” Технолошко-технички факултет од нашата земја ќе биде презентирана преку модна ревија која ќе се случи на 24 октомври 2020 (сабота) во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер.

Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија  “Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 – ноември 2020”.

2020 11 21 1

Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, работеа учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица, Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.

Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата. Клучна цел е да се обезбеди стручно образование што го покрива целиот спектар на активности во модата и текстилот и да развие студенти со глобална визија, чувство на општествена одговорност, критичко и креативно размислување. На тој начин новата генерација на модни дизајнери и инженери ќе го водат и зајакнат развојот на модната и текстилната индустрија во земјата.

“Во овие неколку продуктивни месеци запознавме прекрасни професори, кои секојдневно се борат со огромни предизвици да ги мотивираат своите ученици. Посетивме и основни училишта во Виница, Штип и Берово зборувајќи за оптимизација во производството и одржливите практики. Организиравме и посети на текстилни компании, каде со учениците внимателно го набљудувавме процесот на производство во конфекциите Линеа, Фаммоде, Ларс, МК Елена, Полотекс, БТБ и Текстил М”, изјави менторката Тошева.

“Со учениците и студентите разговаравме на темата одржлива мода и циркуларна економија, презентирајќи им ги најразличните техники на доработка, како инспирација за дизајнирање со текстилен отпад. Пандемијата и карантинот беа добра лекција, која овозможи повеќе размислување околу одржливиот концепт на дизајнот. Дизајнот со нула отпад всушност не е нова технологија, туку е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Затоа со нашите млади креативци под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, имавме можност да креираме иновативни одржливи колекции”, – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.
Во организација на Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер, колекциите ќе бидат прикажани на модната ревија наречена “Денови на текстилната индустрија – промоција нa младата генерација” на 24 октомври, 2020 во Дом на Млади во Штип во 13 часот.

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од Кoвид-19.

tta.org.mk - Делчево во посета на текстилни фабрики и подготовка на колекции

fam mode se 2
На 26.02.2020
ТТЗ-ТК и модната дизајнерка Ирина Тошева во склоп на проектот Interreg IPA-CBC - Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region во простории на гимназијата"Методи Митевски Бричо" во Делчево одржаа инспиративна работилница со презентација за редизјанирањето и реупотребата на облеката и презентацијна на техники за изработка на колекции. Учениците понатаму во консултации со дизајнерката Ирина Тошева и со поддршка на наставниците ќе работат на изготвување на колкеции кои ќе бидат презентирани на моден настан во Штип во месец Мај!

https://tta.org.mk/mk/посета-на-фабрики-фам-моде-и-лиена-шти/

tta.org.mk - Interreg IPA-CBC БГ/МК - Учениците од Виница во посета на фабрики и подготовка на колекции

Vinica Vanco Prke 1
На  04.02.2020 година во склоп на проектот Interreg IPA-CBC Бугарија-Макеоднија ‚‚Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region‚‚  Текстилниот кластер заедно со дизајнерката Ирина Тошева ја посетија фабриката БТБ во Виница заедно со учениците од Основните училишта "Гоце Делчев " и   "Славчо Стојменски"  и учениците од средното текстилно училиште  "Ванчо Прќе " .

При посетата на  фабриката "БТБ"  учениците можеа да го видат целиот процес на производтсво на облека, а воедно им беше одржана кратка  инспиративна работилница која ѓи потикна да размислуваат за оптимизацијата на паметните фабрики и за процесот на производство. Учениците изјавија дека ова ќе биде добро понатамошно искуство  за нив бидејќи имаа можност   да  го видат целиот начин на производтсво и на изработка на еден производ.

Потоа активноста продолжи во средното текстилно училиште "Ванчо Прќе " каде што дизајнерката Ирина Тошева  одржа  кратка презентација за целите и задачите на проектот и им презентираше слики од модели и  насока за изработка на колекција  а потоа следеше и делот во кој учениците можеа да постават прашања и во кој што можеа да ги кажат своите размислувања во врска со темата на која што беше зборувано.

Учениците прпјавија голем интерес  а воедно ни ги покажаа и своите досегашни креации кои што ги изработувале за  приредби, манифестации,  "Trash Fashion " и слично.

Дизајнерката Ирина Тошева  им посочи на учениците начини за изработка на моедели кои што во месец  Мај ќе бидат презентитрани на Модна Ревија во Штип . Им беше објаснето дека модната ревија ќе биде организирана на високо ниво со професионални манеќени и фотографи.   Учениците  направија група  на Фејсбук во која што ќе можат да комуницираат со дизајнерката и во која што ќе можат да ги даваат своите идеи.

Договорена е уште една средба за отприлика еден месец за да се види сработеното на учениците. При изработката учениците ќе користат материјали кои ќе бидат донирани од страна на текстилни компании.

https://tta.org.mk/mk/посета-на-фабрика-бтб-виница/

tta.org.mk - Interreg IPA-CBC БГ/МК - Учениците од Mak Каменица. во посета на текстилни фабрики и подготовка на колекции

СЛИКА ЗА ПОРТАЛ мак кам1
На 24.02.2020
ТТЗ-ТК и модната дизајнерка Ирина Тошева во склоп на проектот Interreg IPA-CBC - Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region во простории на гимназијата"Методи Митевски Бричо" во Делчево одржаа инспиративна работилница со презентација за редизјанирањето и реупотребата на облеката и презентацијна на техники за изработка на колекции. Учениците понатаму во консултации со дизајнерката Ирина Тошева и со поддршка на наставниците ќе работат на изготвување на колкеции кои ќе бидат презентирани на моден настан во Штип во месец Мај!

https://tta.org.mk/mk/interreg-ipa-cbc-бг-мк-учениците-од-mak-каменица-во-пос/

tta.org.mk - Interreg IPA-CBC БГ/МК – Учениците од Делчевп во посета на текстилни фабрики и подготовка на колекции

На 24.02.2020
ТТЗ-ТК и модната дизајнерка Ирина Тошева во склоп на проектот Interreg IPA-CBC - Modern textile Industry as Attractive Career Path for Young Generations and Contributor for Economic Development and Social Prosperity of Cross Border Region во простории на гимназијата"Методи Митевски Бричо" во Делчево одржаа инспиративна работилница со презентација за редизјанирањето и реупотребата на облеката и презентацијна на техники за изработка на колекции. Учениците понатаму во консултации со дизајнерката Ирина Тошева и со поддршка на наставниците ќе работат на изготвување на колкеции кои ќе бидат презентирани на моден настан во Штип во месец Мај!

https://tta.org.mk/mk/interreg-ipa-cbc-бг-мк-учениците-од-делчевп-во-пос/

ДЕБАТНА МАСА НА МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ТЕКСТИЛЦИ

 

programa bg mk 2014 20Важно:   Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Организација на здружение за текстил и облека и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

 

Image
Организација на филијали за текстил и облека

2500 ustустендил, Бугарија,
Ул. „Цар Освободител“ 168, стр.3