Контакти: понеделник - петок од 9 до 17 часот

Новости

Средношколци и студенти ја вратија модата во Штип

08/11/2020 08:04

Текстилниот отпад, наместо да се фрли на депонијата, заврши во рацете на средношколците и студентите. Парчињата од материјалите, кои останале по процесот на производство во фабричките хали, беа искористени за креативни креации, па по подолг период градот на модата имаше и модна ревија, организирана од Кластерот за текстил. Дизајнот со нула отпад не е нова технологија, туку нов начин на размислување. Со креативните креации на младите, можеа да се видат и креативните заштитни маски, кои станаа секојдневие по прогласувањето на пандемијата. Летната сцена на штипскиот „Дом на млади“ позната по чадорот повторно оживеа со млади луѓе. Средношколката Ана Марија Тодорова е една од нив, којашто пред публиката ја покажа својата модна креација. Не е како нејзините врсници, кои бегаат од текстилот, за неа модата е начин да го изрази својот талент.

 

– Тоа е единствено што сакам да работам и во идина да се занимавам. Иднината ја гледам како моден дизајнер, на почетокот сакам да работам за некого, па ќе видиме натаму. Учениците од средното училиште „Димитар Мирасчиев“ работевме како тим и на модната ревија имаме пет креации. Токму и во иднина сакам да работам тимски, бидејќи работата подобро се изведува отколку сам, вели Тодорова.

Како млад човек забележува дека можноста за работа најпрвин ќе ја бара во земјава, доколку не ѝ се даде таква можност, вели, нормално е да се побара и надвор од нејзините граници.

– Сите мои другарки, сокласници, кои се запишани во средното текстилно училиште, се запишани поради љубов кон модата. Јас мислам дека тоа не треба да се суди според надворешниот изглед на училиштето, туку според она што е внатре и што може да се научи од нашите професори, вели Тодорова.

Организатор на модната ревија беше Кластерот за текстил во рамките на европскиот проект „Модерната текстилна индустрија привлечна кариера за младите генерации и придонесувач кон економскиот развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион“. Наташа Сивевска, извршна директорка на Текстилниот кластер, вели дека низ креациите на младите можеше да се види креативната работа на пет средни училишта од Штип, Берово, Македонска Каменица, Виница и Делчево и на студентите од Техничко-технолошкиот факултет во Штип.

– Средношколците и студентите од декември 2019 година работеа на касулни колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева. Мотив е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите и придонесувач во економскиот развој на земјата, вели Сивевска.

Целта била да се зближат бизнис-секторот и образованието. Смета дека соработката на овој проект е успешна, а најави дека ќе продолжи и понатаму во насока на зближување на талентираните ученици, нивните наставници со бизнисот.

– Мотивација е потребна, текстилната индустрија секогаш имала негативен имиџ, не само кај нас, туку и пошироко. Токму со вакви активности и проекти, ние сакаме тој имиџ да го смениме на подобро. Кога ги гледам задоволните лица на учениците, навистина мислам дека има потенцијал и сум оптимист во наредниот период, секако кога ќе помине пандемијата, ние ќе имаме деца, коишто ќе бидат квалитетни и ќе одговорат на барањата на индустријата, рече Сивевска.

Посочи дека во насока на подобрување на состојбите во текстилниот сектор е и најавата на Министерството за образование и наука за обезбедување стипендии за учениците во текстилните училишта. Смета дека ова ќе ја подмлади работната сила во овој сектор.

– Возрасната граница, за жал, во овој сектор е доста висока, мора да признаеме и тоа е факт. Мора да признаеме и дека интересот кај децата кога се запишуваат во средните текстилни училишта не е голем. Но, ете, затоа сега сме тука за да го подобриме тоа и да ги измотивираме децата. Последиците во текстилната индустрија поради високата возрасна граница на работниците се чувствуваат најмногу во делот на продуктивноста. Тоа се искусни шивачки, квалитетот е на високо ниво, но со текот на времето продуктивноста опаѓа и една млада, свежа работна сила и тоа како ќе предизвика и подобра продуктивност, нови идеи, иновативност во насока на подобар развој на текстилната индустрија, рече Сивевска.

Директорката на СОУ„Димитар Мирасчиев“ – Штип, Катица Костова, соработката со Кластерот за текстил на овој проект ја оценува како одлична, смета дека ваквите проекти, во кои се спојува стручното образование и бизнисот даваат резултати. Учениците предизвикот го прифатиле и покрај проблемите што ги имаа за време на карантинските месеци, па целата комуникација и правење на креациите се одвивале по електронски пат од дома. Мотивацијата да се направи нешто убаво, модерно била поголема и поради тоа што користеле и текстилен отпад.

Штипската текстилна индустрија „тивко“ умира

Во штипските текстилни компании се шијат кошули, панталони, блузи, костуми, здолништа со потпис на светските модни куќи и креатори. Неколку компании направија храбар исчекор и создаваат облека потпишана со нивен бренд. Градот на модата брои над 70 текстилни компании, во кои се вработени од 7 000 до 8 000 работници и стручен кадар. Но, над десет години работодавците алармираат дека оние кои се на машините се на просечна возраст од над 45 години, за младите оваа гранка не е атрактивна. Тоа се гледа и низ бројките на запишани ученици во единственото текстилно училиште СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип. Во него има само 70 ученици од прва до четврта година, а во прва година се запишале 17 ученици, и тоа не само од Штип, туку и од другите градови.

Директорката на СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип, Костова, смета дека младите треба да се мотивираат и да се запишат во нивното училиште.

– Со оглед на тоа што нашиот град е текстилен има многу работни места што можат да ги пополнат од кадрите од текстилното училиште. Токму тоа треба да им биде мотивација на младите, во време кога тешко се наоѓа работа, од друга страна дипломите од средните текстилни училишта не значат дека треба да работат само на машина, учениците го завршуваат своето образование и се оспособени да работат и само, како на пример и ова што го презентираа денеска и да отворат свои модни студија, свои бутици, каде што ќе можат да ја изразат својата креативност, рече Костова.

Таа вели дека стипендиите, коишто ги најави Министерството за образование и наука за средните стручни училишта ќе бидат и дополнителен мотив за завршените деветтоодделенци, да се запишат во некое од овие училишта.

– Според мене, уште поголем успех ќе имаме доколку се поврземе со текстилните компании, тие да бидат почесто присутни кај нас во училиштата, со различни донации од материјали, коишто почнавме сега да ги добиваме и ги презентираме еве и на ревијата, до машини, обуки за наставници. Значи има многу начини на кои би можеле заеднички на тркалезни маси да ѝ дадеме значење на текстилната струка. Затоа што поголем дел од градот живее од оваа гранка, вели Костова.

Таа вели дека од минатата година средното стручно образование е реформирано и како насоки ги имаат: техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање облека и техничар за изработка на облека. Најголем интерес на уписите во прва година имале за две насоки, техничар за дизајн и за моделирање облека.

Универзитетската професорка од Техничко-технолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Ванѓа Димитриевска-Кузмановска, потенцира дека подадената рака од бизнис-секторот значи многу за студентите, мотивирајќи да го завршат своето образование. Изминатите години, како факултет и самите организирале модни ревии.

– Во нашиот град има многу креативци, и тоа не само на факултетот, туку и во средните училишта, кои потоа доаѓаат кај нас, а има и во основните училишта. Во проектите, коишто ние ги реализиравме, вклучуваме и помали деца, сакајќи да го откриеме тој талент. Тие цртаат скици, а ние правевме модели. Сметам дека во нашиот град има голем потенцијал, вели Димитриевска-Кузмановска.

Посочи дека секој студент, кој ќе заврши на Техничко-технолошкиот факултет, има иднина. Младите наставници кои работат во средното текстилно училиште во Штип доаѓаат од овој факултет.

– Од нашиот факултет заминаа студенти во Англија, кои работат во познати компании, што за нас тоа е огромен предизвик, еве сега тие ќе продолжат и на втор циклус студии. Можеби тие не останаа во државата, но сепак даваат еден огромен придонес во тие компании и тоа за нас е гордост, вели Димитриевска-Кузмановска.

Таа се надева дека повторно ќе се врати интересот на младите кон текстилот, а тоа може да се случи доколку се здружат основните, средните училишта и факултетот со бизнис-секторот.

Младите незаинтересирани за образование и работа во текстилната индустрија

modamoda.mk - Моден перформанс во Штип: Поглед кон иднината на текстилната индустрија

 

Во домот за Млади во Штип, на 24. октомври 2020 година, се одржа модниот перформанс наречен “Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација”. Модната ревија – перформансот е дел од ИПА проектот на погранична програма Бугарија – Северна Македонија, а организатори на настанот се: Текстилното Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден.

На капсулните колекции, направени од текстилен отпад , претставени на перформансот, работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево) и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип). Посетителите на модниот перформанс имаа можност да погледнат и изложба на модни скици, инспирирани од “Современата текстилна индустрија“, изработени од учениците од текстилните училишта.

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, има потенцијал за раст на млади, иновативни создавачи. Целта на модниот перформанс на кој му претходеше посета на текстилните производствени капацитети беше воспоставување на соработка помеѓу образованието и бизнис секторот во насока на привлекување на младите по школувањето да останат и бидат дел од текстилната индустрија.
Според изјавата на Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер, низ стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, развиени се модели кои покажуваат дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор.
Настанот го поддржаа Домот за Млади од Штип, музичкиот дует “Марија и Горан” и винаријата „Тиквеш“. За шминката на манекенките се погрижи „Farmasi“ во соработка со Школата за убавина Арт, а за фризурите „Студио Кат Кат од Штип“.
Фотографиите од настанот се презентирани на сајтот на организаторите на настанот.

tta.org.mk - Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

122571377 1920536961419697 3123854984877008937 n
Штип (26.10.2020) Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер оваа сабота во домот за Млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен "Денови на текстилната индустрија – промоција на младата  генерација" во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија - Северна Македонија "Модерната текстилна индустрија како привлечна  кариера  за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 - ноември 2020".


Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците се уште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.


Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.


“Преку стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, успеавме да развиеме модели кои покажаа дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор”, - изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“ (Делчево)  и  студентите од  Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип).

Иницијативата започна во декември 2019, а заврши со модна ревија која се случи оваа сабoта во Штип. За време на настанот гостите можеа да ја погледнат и изложбата на модни скици изработени од учениците, инспирирани од “Современата текстилна индустрија.


За квалитетна реализација на настанот активно учество и поддршка  дадоа и Домот за Млади во Штип, музичкиот дует “Марија и Горан” кој ја воодушеви публиката со својот перформанс во живо, како и  долгогодишниот поддржувач на текстилниот кластер винаријата „Тиквеш“.

За шминката на манекенките се погрижи „Farmasi“ во соработка со Школа за убавина Арт, а за фризурите одговорен беше „Студио Кат Кат од Штип“.

Фотографија - Баже Ангеловски

https://tta.org.mk/mk/поглед-во-сегашноста-и-иднината-на-тек/

facebook.com/www.tta.org.mk - Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

122892331 2795134210770330 2795422127713449753 n
 
TTA-TC is a nonprofit organization NGO that represent Macedonian companies involved in any way in the textile industry
 
Textile Trade Association – Textile cluster is a nonprofit organization NGO that represent Macedonian companies involved in any way in the textile ind...
Вижте повече

https://www.facebook.com/www.tta.org.mk/

МОДНА РЕВИЈА ВО ШТИП

(ВИДЕО) Модна ревија во Штип – „Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација“

frontline.mk

Креативната работа на пет средни текстилни училишта и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде презентирана преку модна ревија која се случи на 24 октомври во Домот за млади во Штип, во организација на Текстилно трговското здружение – Текстилен кластер од Македонија во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт моден кластер.

27 10 2020

Македонскиот Текстилен кластер во соработка со МВСК и КМК беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија  “Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 – ноември 2020”.

Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева,  работеа  учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица, Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.

Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите  луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата. Клучна цел е да се обезбеди стручно образование што го покрива целиот спектар на активности во модата и текстилот и да развие студенти со глобална визија, чувство на општествена одговорност, критичко и креативно размислување.  На тој начин новата генерација на модни дизајнери и инженери ќе го водат и зајакнат развојот на модната и текстилната индустрија во земјата.

“Во овие неколку продуктивни месеци запознавме прекрасни професори, кои секојдневно се борат со огромни предизвици да ги мотивираат своите ученици. Посетивме и основни училишта во Виница, Штип и Берово зборувајќи за оптимизација во производството и одржливите практики. Организиравме и посети на текстилни компании,  каде со учениците внимателно го набљудувавме процесот на производство во конфекциите Линеа, Фаммоде, Ларс, МК Елена, Полотекс, БТБ и Текстил М”, изјави менторката Тошева.

“Со учениците и студентите разговаравме на темата одржлива мода и циркуларна економија, презентирајќи им ги најразличните техники на доработка, како инспирација за дизајнирање со текстилен отпад. Пандемијата и карантинот беа добра лекција, која овозможи повеќе размислување околу одржливиот концепт на дизајнот. Дизајнот со нула отпад всушност не е нова технологија, туку е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер.  Затоа со нашите млади креативци под менторство на дизајнерката Ирина Тошева, имавме можност да креираме иновативни одржливи колекции”, – изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

programa bg mk 2014 20Важно:   Оваа веб страна е направена со помош на Европската Унија преку Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-поранешна југословенска Република Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб страна е одговорност единствено на Организација на здружение за текстил и облека и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

 

Image
Организација на филијали за текстил и облека

2500 ustустендил, Бугарија,
Ул. „Цар Освободител“ 168, стр.3