Четврток Авг 22

hooked header 800x284 bg

programa bg mk 2014 20

Резиме на проектот

Последно освежено на Понеделник, 20 Март 2017 10:31 Објавено на Понеделник, 20 Март 2017 08:09

Наслов на проектот    Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ

Водечки партнер    Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер Македонија
    
Проектни партнери     Сдружение Браншова организация за текстил и облекло (БОТО) Бугарија

Приоритетна оска    Конкурентност
    
Специфична цел    3.1. Подобрување на конкуренцијата на бизнисите од регионот
    
Времетраење     15 месеци
    
Вкупен буџет  (во евра)    116873,86

Дејности по проектот     
1. Креирање Визија за Регионот- да се идентификува како засегнатите страни сакаат регионот да биде виден и признат во делот на текстилната индустрија кај локалното население, бизнис секторот и национални и меѓународни партнери. Одбор за регионален развој (RDB) ќе се воспостави како неформално тело, составено од претставници од здруженијата и текстилниот бизнис сектор. За да се постигнат резултати, ќе се примени пристапот од долу нагоре.

2. Развивање на Стратегија за позиционирање на регионот- За да се постигне Визијата за регионот и да се создаде бренд, петгодишна стратегија за позиционирање треба да биде развиена. Стратегијата ќе даде одговори на следниве прашања:
   
- Кои димензии се од клучно значење за позиционирање на регионот како бренд
– Да се идентификуваат главните критериуми за донесување на одлуки кај целните групи
 
- Сегашната позиција на регионот во однос на развиената регионална визија и трендови во индустријата
 
- ГАП анализа во однос на дефинираната визија и цели, и сегашната ситуација
 
- Чекори за да се постигне посакуваната состојба
Стратегијата за позиционирање ќе се базира на ГАП анализата развиена преку прашалници за само-оценка и проценка на ризикот.    
Стратегијата за позиционирање ќе се базира на ГАП анализата развиена преку прашалници за само-оценка и проценка на ризикот.

3. Развивање на регионот како бренд – Текстилната индустрија мора да стане препознатлива со цел да ја постигне регионалната визија и да се позиционира како бренд. За остварување на ова, во регионот мора да се дефинираат минималните стандарди за компаниите и да се промовира добро развиен ланец на снабдување, каде што производителите од регионот мора да работат заедно на здружена основа. За таа цел, Точки за Контрола на Квалитетот ќе се развиваат врз основа на барањата од националната и ЕУ легислатива и регулатива, како и барањата од ETI Based code и други меѓународни организации.

4. Обезбедување на посветенот од локалната самоуправа, бизнисите и општеството - Развивање на комуникациски план за здруженијата за тоа како да ги комуницира придобивките од регионалниот бренд до локалната заедница и да ја добие нивната поддршка. 60 претставници на бизнис секторот ќе  бидат обучени да го користат планот за комуникација со цел соодветно да ги искомуницираат добрите страни на индустријата и да станат препознатливи помеѓу целните групи. Препознавање и посветеност на секторот од страна на локалната власт ќе се постигне преку директни и со учество на претставници на локалната самоуправа на отворени дискусии, презентации и други настани. Препознавање во општеството ќе се постигне преку средношколците кои студираат на текстилни смерови, во рамки на целата подобна прекугранична област.

5. Комуницирање на регионот како бренд - Со цел да се позиционира регионот како бренд со одредени карактеристики, ќе биде развиен краток креативен текст кој ќе обезбеди одговори на прашањата: кој е производот / брендот, позадина, проблем или можност кој произлегува од брендот, главната идеја и зошто брендот треба да биде поддржан. Краткиот креативен текст ќе биде доставен до целните групи преку сет на промотивни активности: ТВ спот, брошура во печатена и електронска форма, CDа и интернет страни на здруженијата.

6. Пристап до меѓународните таргетирани пазари - Да се промовира секторот за текстил и облека кај меѓународните целни групи и да стекне доверба кај нив, проектот ќе се обидe да ги позиционира компаниите од секторот преку промовирање на нивните капацитети на  интернационален саем за текстилна облека.

Резултати од проектот

1. Регионална точка на идентификација/препознавање-RPD (А1)

2. Развиена Визија за регионот и едно годишен акциски план (А1)

3. Основан Одбор за регионален развој (А1)

4. Развиена 5 годишна стратегија за позиционирање (А2)

5. Развиени Точки за контрола на квалитет и процедурите за нивно остварување (А3)

6. Дизајнирано регионално лого и слоган (А3)

7. Стратегија за комуникација (А4)

8. Обучени 60 претставници од бизнис секторот да ја користат стратегија за комуникација

9. Промовиран регионот преку сет на промотивни материјали (ТВ спот, брошури, публикации, ЦД-а) и меѓународен пристап на пазарот (А5 и А6)

10. Зголемување на конкурентноста на компании од текстилната индустрија во прекуграничниот регион (А1-А6)
    
Целни групи     
1. Kомпании-членки на Текстилното Трговско Здружение-Текстилен кластер и Tекстилната браншова организација

2. Текстилни компании од двете страни на границата

3. Менаџментот на текстилните компании од прекуграничниот регион

4. Вработените во областа

5. Здруженија и организации кои работат во текстилната индустрија

6. Средношколците специјализирани за производство на текстил

7. Општеството/ Населението во прекуграничниот регион

   

Забелешка

Оваа проектна секција е направена со помош на Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на секцијата е одговорност единствено на Здружение Трговска организација за текстил и облека и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.