Поседувањето на ознаката TRUSTED BALKAN ARPAREL е гаранција дека компанијата се придржува кодекс на однесување TRUSTED BALKAN ARPAREL

  1. Вработувањето во компанијата е по слободен избор, вработените можат доброволно да го прифатат вработувањето или да одбијат или да ја напуштат работата со претходна најава според законскиот рок.
  2. Вработените имаат право на колективно здружување и да формираат синдикат. Менаџментот на компанијата има отворен став кон колективното здружување и секогаш е отворен за соработка.
  3. Условите за работа се безбедни и хигиенски.
  4. Нема злоупотреба на детскиот труд во компанијата.
  5. Компанијата навреме им плаќа плати и други додатоци на вработените. Вработените добиваат јасен преглед на платените средства, како и за придонесите што се плаќаат во нивно име. Висината на платите и надоместоците е во согласност со законските препораки.
  6. Работното време е во согласност со националното законодавство, а прекувремената работа е доброволна.
  7. Нема дискриминација при вработување, прекинување или пензија заради национална припадност, религија, возраст, инвалидитет, пол, брачен статус, сексуална ориентација, членство во синдикат или политичка припадност.
  8. Забрането е сурово и нехумано постапување со вработените, како што се физичко злоставување, закани, вербална злоупотреба, заплашување и др.
  9. Ние гарантираме дека нашите добавувачи, партнери и подизведувачи ги почитуваат националните регулативи и се придржуваат до етички принципи колку што е можно повеќе.

Certificate TTA